Германскиот стручњак Ралф Рангник со победа во неделата попладнето дебираше на клупата на Манчестер Јунајтед.
Ова не е прво негово појавување на Олд Трафорд, тој во четвртокот се појави на трибините на „Ѓаволите“ и го гледаше нивниот триумф против Арсенал, додека медиумите од тогаш па се до денес со денови пишуваат за неговиот приватен живот, како и неговата девојка.
Во ложата во четвртокот додека тој го следел мечот, според пишувањата на таблоидот „Сан“ била и неговата девојка Флор кој новиот тренер на Манчестер не сака да ја покажува во јавноста.
Сепак, црнокосата Мексиканка многу брзо беше забележана од папараците иако не седеа еден до друг.
-Ралф знаел дека медиумите ќе го „нападнат“ него, па затоа седнал зад Флор, а не до неа за да не се забележи дека се пар, раскажува изворот близок до парот.