Многу луѓе го избегнуваат овој хороскопски знак и имаат сериозна причина за тоа
Се работи за Близнаците, а едно истражување покажа дека дури 42% од луѓето тврдат дека никогаш не би се забавувале со овој хороскопски знак.
Причината е што многумина ги сметаат за лицемерни и егоцентрични, а во врските често знаат да бидат напорни, бидејќи им треба постојана возбуда и забава за да останат заинтересирани за љубовниот живот.
Имаат длабока потреба од адреналин, дружење и нови откритија во сите аспекти од животот, поради што повеќмина не ги сакаат за партнери.
Сепак, астролозите тврдат дека штом ќе најдат некој за кој навистина се грижат, можат да го променат своето однесување и да станат исклучително грижливи и да направат сериозни планови на долг рок.