Јаник Синер ја започна 34. недела на првото место на АТП листата. Италијанецот, вчера во Мелбурн ја одбрани титулата на Австралија опен. Во финалето го победи Алкесандар Зверев со 6:3, 7:6, 6:3.

Синер е прв на АТП листата со 11.830 бодови, додека Зверев е втор со 8.135. Третото место го задржа Шпанецот Карлос Алкараз со 7.010 бодови, зад него е Американецот Тејлор Фриц четврти со 5.050.

Норвежанецот Каспер Руд се искачи за едно место и сега е петти тенисер во светот со 4.160 поени, а зад него е Новак Ѓоковиќ со 3.900 поени. Руд и Ѓоковиќ напредуваа за по една позиција на сметка на Данил Медведев, кој загуби 1.250 поени, бидејќи испадна во второто коло..

Русинот падна за две места и моментално е седмопласиран во светот, додека Австралиецот Алекс де Минор останува на осмото место на АТП листата.

Американецот Томи Пол напредуваше за две места и сега е деветти играч во светот, што е негов најдобар пласман во кариерата, додека Русинот Андреј Рубљев падна на десетата позиција.

Текстот Синер убедливо прв на АТП листата е превземен од МАКФАКС.