Сингапурските власти објавија дека повеќе нема да ги плаќаат трошоците за лекување на пациенти со коронавирус кои одбиле да ја примат вакцината против тој вирус.
Островот се соочува со најлошиот бран на инфекција од почетокот на епидемијата со околу 2.000 до 3.000 нови случаи дневно.
Луѓето кои не се вакцинирани претставуваат значително мнозинство од оние на кои им е потребна интензивна нега и несразмерно придонесуваат за притисокот врз нашата здравствена инфраструктура, изјавија тамошните власти.
Владата досега ги покриваше трошоците за лекување на дел од граѓаните, но од 8 декември ќе доставува фактури за пациентите кои се заразени и одбиле да ја примат вакцината.
Овие пациенти сепак ќе можат да користат приватно осигурување за да ги надоместат трошоците.
Властите ќе продолжат да плаќаат за оние кои не можат да ја примат вакцината поради здравствени причини, како и за децата под 12 години.
Сингапур има една од највисоките стапки на вакцинација во светот, со 85% целосно вакцинирани од 5,5 милиони жители.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.