Тренерот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Симоне Инзаги е позитивен на коронавирусот и веднаш бил ставен во самоизолација, објавија италијанските медиуми.
Следна обврска за Интер е големото градско дерби со Милан, кое е закажано за 6 февруари, до кога има доволно време Инзаги да се опорави и да се врати на клупата на својата екипа.