Саудискиот клуб Ал-Ахли, кој се врати во елитата, тргна во голема офанзива за реновирање на составот. Раководството на клубот сака и нов тренер, а му даде неверојатна понуда на Диего Симеоне.
Тренерот на Атлетико Мадрид има уште една година од актуелниот договор со шпанскиот клуб, а доби понуда со трипати поголема плата. Ако се знае дека во Атлетико Мадрид заработува 30 милиони евра по сезона и е најплатен тренер во Европа, тогаш јасно е дека понудата е неверојатна.
Доколку ја прифати понудата, Диего Симеоне ќе стане нов тренер на Езгјан Алиоски кој се врати во Ал-Ахли по позајмицата во Фенербахче. Ова лето клубот се засили и со Роберто Фирмино и со Едуард Менди, а се преговара и со Ријад Марез и со Садио Мане./Makfax/