Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 11 часот и 43 минути во близина на Истанбул.
Епицентарот на земјотресот бил на 90 километри јужно од Истанбул.
Граѓаните известуваат дека земјотресот бил добро почувствуван.
„Навистина добро се тресеше“, „Ги почувствувавме потресите“, „Беше кратко, но силно“, „Седевме во дневната соба, се чувствувавме како на 8-ми кат“, се само дел од коментарите.
Се уште нема извештаи за материјална штета или повредени.
Надлежните органи ја следат состојбата.
Текстот Силен земјотрес ја погоди Турција, граѓаните известија дека бил добро почувствуван е превземен од МАКФАКС.