Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Токио и околните области во источна Јапонија.
Засега не е издадено предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Земјотресот се случи во делови од префектурите Ибараки и Чиба.
Eyewitnesses reported shaking in #Japan 5 min ago (local time 19:04:50)⚠
At present, we have no seismic data confirming this crowdsourced detection.❗
More info soon! pic.twitter.com/htUP2CVGu7— EMSC (@LastQuake) May 26, 2023
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 50 километри од источниот брег на Чиба.
Не е забележана штета во нуклеарната централа Токаи 2 лоцирана во префектурата Ибараки, североисточно од Токио, соопшти операторот на нуклеарната централа.