Земјотрес со сила од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди источна Индонезија, соопшти Американскиот геолошки институт, додека мониторите предупредија на можноста од опасни бранови од цунами.
Американскиот институт соопшти дека земјотресот се случил на околу 100 километри северно од градот Маумере на длабочина од 18,5 километри во морето Флорес. Пацифичкиот центар за предупредување за цунами соопшти дека „можни се опасни бранови за бреговите лоцирани на 1.000 километри од епицентарот на земјотресот“.
Се наведува дека веројатноста за жртви е мала, но истовремено се потсетува дека „неодамнешните земјотреси во оваа област предизвикаа секундарни опасности како што се цунами и лизгање на земјиштето што може да придонесе за загуби“.