Земјотрес со сила од 5,9 степени според Рихтеровата скала кој погоди делови од Авганистан во раните утрински часови на 22 јуни загинале најмалку 155 луѓе, соопштија авганистанските власти. Американскиот геолошки институт јави дека земјотресот бил на околу 46 километри југозападно од градот Хост во југоисточен Авганистан и бил на длабочина од 10 километри. Потресот бил почувствуван во област населена со околу 119 милиони луѓе во Пакистан, Авганистан и Индија, објави Европскиот сеизмолошки центар. Според извештаите на сведоците на Твитер, тој бил почувствуван во главниот град на Авганистан, Кабул, како и во главниот град на Пакистан, Исламабад.

Advertisements

Прикажи повеќе