Меѓу растечките гласини дека ја откажала венчавката со свршеникот Џонатан Давино, Сидни Свини ги поттикна гласините за нова врска со едно излегување.

Имено, на социјалните мрежи почнаа да се шират фотографии од Свини направени во ресторанот Joe Leo Fine Tex Mex. Во истиот ресторан е снимен и Глен Пауел, со кого Сидни глумеше во филмот од 2023 година, „Секој освен тебе“.

Фотографиите наводно се направени на пробна вечера за венчавката на сестрата на Глен, Лесли, која исто така работела на филмот.

Сепак, добро информиран извор демантираше дека актерите се заедно. „Нема ништо романтично помеѓу Глен и Сидни. Тие се само пријатели. Сидни е блиска со целото семејство“, изјавил извор за Us Weekly.

Да потсетиме, Сидни Свини (27) и нејзиниот вереник Џонатан Давино (41) ја откажаа својата венчавка затоа што се соочуваат со „големи проблеми во врската“, изјави извор за Us Weekly.

Текстот Сидни Свини фотографирана со Глен Пауел, се проширија гласини за нова врска е превземен од МАКФАКС.