Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, објави дека денес во Брисел ќе се одржи вонреден состанок на Советот Украина-НАТО поради масовните руски напади.

„Денес, во Брисел ќе се одржи вонреден состанок на Советот НАТО-Украина на барање на Украина и како одговор на неодамнешните масовни воздушни напади од страна на Русија. Очекуваме фокусирана дискусија за заедничките чекори за соодветен одговор на отфрлањето на мировните напори од страна на Русија и ескалацијата на теророт врз Украинците“, напиша Сибиха на платформата Икс.

Тој им се заблагодари на НАТО и на сите сојузници кои продолжуваат силно да ја поддржуваат Украина.

„Москва треба да почувствува посилен притисок бидејќи тоа ја продолжува војната“, нагласи шефот на украинската дипломатија, пренесува Танјуг.

Фото: принтскрин

Текстот Сибиха: Вонреден состанок на Советот Украина-НАТО, поради руските напади е превземен од МАКФАКС.