Неделниот број на заразени со ковид-19 во светот забележа пораст, по првпат од крајот на јануари, соопшти вчера Светската здравствена организација.

Advertisements

Во втората недела од март бројот на новозаразени е за осум отсто поголем отколку во претходната седмица.

Oд 7 до 13 март се евидентирани над 11 милиони нови случаи на ковид-19 и 43 000 смртни случаи од или со коронавирус.

Порастот, во споредба со претходната недела, посебно се забележува во регионите на Западниот Пацифик – 29 отсто, како и на Африка – 12 проценти.

Во Европа, пак, забележан е седмичен пораст од два отсто. Бројот на случаи е намален во Источниот Медитеран, Југоисточна Азија, како и во Северна и во Јужна Америка.

Вкупниот број потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус од почетокот на пандемијата достигна до 455 милиони. Регистрирани се шест милиони смртни случаи.

Прикажи повеќе