Светската здравствена организација (СЗО) аларамира за зголемено ширење на заразни болести во Газа поради големата концетрација на луѓе на мал простор, контаминираната вода и слабиот пристап до хигиенските установи во екот на војната меѓу Израел и Хамас, пренесува „Гардијан“.
Во соопштението на СЗО се наведува дека од средината на октомври годинава повеќе од половината од пријавените 33 551 случај на диејареа се меѓу деца на возраст под пет години.
Според меѓународната организација, станува збор за значително зголемување во споредба со околу 2 000 вакви случаи случаи на месечно ниво кај деца под пет години забележани во текот на 2021 и 2022 година.
Оштетените системи за вода и канализација, како и намалените средства за чистење во здравствените установи, го прават речиси невозможно одржувањето на основните мерки за превенција и контрола на инфекции.
Ваквите услови, се наведува, значително го зголемуваат ризикот од инфекции кои се должат на траума, операција, нега на рани и породување, на кои се изложени и здравствените работници.
„Недоволната лична заштитна опрема значи дека самите здравствени работници можат да и да пренесуваат инфекции додека обезбедуваат грижа за своите пациенти. Управувањето со медицинскиот отпад во болниците е сериозно нарушено, што дополнително ја зголемува изложеноста на опасни материјали и инфекции“, се наведува во соопштението на СЗО.