Две години по појавата на ковид-19, Европа наскоро би можела да влезе во „долг период на спокојство“ поради високите стапки на вакцинација, поблагата варијанта омикрон и крајот на зимата, изјави директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
„Ова е прекин на огнот што може да ни донесе траен мир. Овој контекст ни дава можност за долг период на спокојство“, изјави тој.
Според него, широко распространетиот имунитет од вакцини и инфекции, во комбинација со промената на сезоната, исто така ја става Европа во подобра позиција да го одбрани секое заживување во преносот.
„Можно е да се одговори на новите варијанти кои неизбежно ќе се појават — без повторно да се инсталираат мерките што ни беа потребни порано“, рече Клуге.