Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус изрази загриженост за здравствените услуги, бидејќи сојот омикрон на коронавирусот „продолжува да го зафаќа светот“. Говорејќи за време на брифингот во Женева, д-р Гебрејезус рече дека имало 18 милиони нови случаи на ковид-19 пријавени во минатата недела.
„Бројот на починати засега останува стабилен. Но, ние сме загрижени за влијанието што омикрон го има врз веќе исцрпените здравствени работници и преоптоварените здравствени системи“, додаде тој.