Светската здравствена организација денеска изрази загриженост поради големото ширење на птичјиот грип Х5Н1 меѓу новите видови, кој развива способност да зарази и луѓе.
„Многу сум загрижен“, изјави главниот научник на здравствената агенција на ОН, Џереми Ферар за новинарите во Женева.
Појавата на птичји грип почна во 2020 година и доведе до смрт на десетици милиони живина, при што се заразени и диви птици, како и копнени и морски цицачи.
Кравите и козите се приклучија на листата минатиот месец – изненадувачки развој за експертите, бидејќи не се сметаше дека се подложни на овој тип на грип.
„Видот А (Х5Н1) стана „глобална пандемија на зоонозни животни. Се разбира, големата загриженост е што при… инфицирање на патки и кокошки, а потоа сè повеќе цицачи, тој вирус сега еволуира и развива способност да зарази луѓе, а потоа критично да премине од човек на човек“, рече Ферар.