Институциите во земјава се уште не соопштуваат каква ќе биде нивната официјална реакција и делување за пописот во Албанија. Не е ни познато дали воопшто планираат да преземат некакви мерки. Алсат упати прашања до Министерството за надворешни работи , опд каде не добивме одговор.
Функционерите во земјава одговорноста ја насочуваат кон асимилаторската пропаганда на Бугарија и незаинтересираноста на претходната влада на СДСМ-ДУИ. Во меѓувреме, македонските организации во Албанија веќе најавија дека ја зајакнуваат соработката за зачувување на идентитетот. Една од нив е партијата Македонска алијанса за европска интеграција. Поранешниот прв човек на Пустец, Едмонд Темелко, најави специјален неформален попис на Македонците во Албанија.
„Да повторам дека со огласот повикуваме на помирување и семакедонско единство за заштита на идентитетот на македонскиот народ- име, јазик, култура, историја и територија бидејќи обединети и единствени сме посилни од агресијата и од сечиј обид за денационализација и асимилација“, вели Темлко.
На минатогодишниот попис во Албанија, чии резултати излегоа пред неколку недели, за првпат беа регистрирани бугарски државјани. Имено, според пописот, во Албанија живеат 2.281 Македонци, а како Бугари се запишани 7.957 лица. Во изминатите 11 пописи немаше граѓанин кој се изјаснил како Бугарин.
Фатлуме Дервиши