Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во Лаухринген, Југозападна Германија, во близина на границата со Швајцарија, соопшти полицијата, пренесува ДПА.

Инцидентот се случил вчера околу 17:45 часот по локално време во делот на супермаркетот каде се наоѓала контролната сала, во квартот Валдшут.

Причините за уривањето се уште се истражуваат, а не е познато колку купувачи биле во продавницата во моментот на несреќата.

Текстот Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени е превземен од МАКФАКС.