Помал авион со шест лица се урна во американската сојузна држава Њујорк, соопшти американската Федерална управа за авијација.
„Мицубиши МУ-2Б“ вчера околу 12:15 часот по локално време се урна во нива во близина на градот Копеиг. Авионот се упатил кон аеродромот Дистрикт Колумбија во Хадсон, Њујорк“, се вели во соопштението.
Најмалку едно лице загина во несреќата, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на ФАА и локалната полиција.
Во текот на изминатата недела, имаше неколку фатални авионски несреќи во САД.
Текстот Се урна мал авион во Њујорк, има мртви е превземен од МАКФАКС.