Се урна дел од покривот во затворот Реџина Коели во Рим, но никој не е повреден, објавија денес локалните власти, пренесува „Анса“.
„Во моментов нема пријавени повредени, но некои делови од затворот се неупотребливи“, објави Одделот за управување со затворите.
Како што е наведено, раководителот на Одделот, Стефано Кармине Де Микеле, веднаш излегол на местото на настанот.
„Де Микеле ги проценува потребните и итни мерки што треба да се преземат на местото на несреќата со цел да се реши ненадејната вонредна ситуација што се појави во римскиот затвор“, објави „Анса“.
Фото: принтскрин
Текстот Се урна дел од покрив во италијански затвор е превземен од МАКФАКС.