Вчера околу 09.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Радање, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од с.Радање и трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од С.И. (45) од с.Голем Габер, општина Карбинци.

Во несреќата со тешки телесни повреди  се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.  

Текстот Се судрија мотоцикл и трактор во Штипско: тешко повреден 15-годишник е превземен од МАКФАКС.