Двајца лекари се степаа вчера во Клиничката болница – Штип.

Настанот е пријавен вчера во 12:45 часот.

– На 5 февруари во 12:45 часот во СВР Штип, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во Клиничка болница – Штип бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил – се вели во соопштението од СВР-Штип.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Се степаа двајца лекари во операциона сала во штипската болница е превземен од МАКФАКС.