Вакцинацијата спасува животи и го спречува ширењето на болестите. Тоа е научен факт. Но, има недоверба и постојат митови поврзани со вакцинацијата од различни болести, а тоа е предизвикано од лажните вести кои не се засновани врз научна вистина, вели проф. д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација. Во основа треба да се работи на детекција на проблемите што се јавуваат, во редовна комуникација помеѓу здравствените работници и помеѓу родителите, додаде тој, нагласувајќи дека е многу важно да се пренесува пораката за тоа колку се важни вакцините. Тој подвлече дека единствено бројка од 95 проценти вакцинираност гарантира дека при појава на случаи на морбили, ќе нема епидемија. Бојан Кордалов, виш комуникациски специјалист, се осврна на тоа колку е важно да се спречат лажните вести и ненаучните информации околу вакцинацијата, затоа што предизвикуваат страв и низок опфат со вакцинирање. Важно е правилното информирање, со цел да не се загрози сопственото и здравјето на другите. Токму поради високата стапка на вакцинација во минатото, голем дел од луѓето, родителите од мојата генерација, не доживеле смртен случај на блиско лице во семејството затоа што сите беа порано вакцинирани. Токму поради тоа лицата кои сега се родители, сметаат дека оние болести коишто може да се спречат со вакцинација, веќе не претставуваат закана, вели Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија. Ди Џовани се смета за среќна, бидејќи за време на ковид-пандемијата се нашла во Македонија, каде што се искоренети болести како полио, морбили и слично. Македонија има добра традиција кога станува збор за детската имунизација. Меѓутоа, во текот на поново време, последните години дојде до двоумење, се појави несигурност поврзана со вакцините, се појави таа инфодемија која ги одвраќа родителите во однос на имунизацијата. Сметам дека без никакво сомневање, тоа треба да биде императив, сите треба да бидат вакцинирани, вели ди Џовани. Со помал опфат на вакцинираноста беа споменати делови од Скопје и Струмица, додека во Кочани, со одредени вакцини, опфатот бил и над 95 проценти. Беше кажано дека треба да се следи примерот и искуството на општините што имаат поголем процент на вакцинираност. Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.