Во Бангкок поради силниот земјотрес во Мјанмар се урна недовршена висококатница во областа Чатучак, а багери цела ноќ работат на местото на несреќата барајќи преживеани.

Новинарите на Би-Би-Си во Бангкок разговарале со градежниот работник Ко Миинт Кјав, кој успеал да побегне скокајќи од третиот кат на градилиштето.

„Кога почна земјотресот, бев на третиот кат на скелиња. Кога ги почувствував посилните потреси, само скокнав и избегав. Штом ја допрев земјата, се слушна силна експлозија и зградата се урна“, рекол тој.

„Сето тоа се случи во рок од две минути, ако добро се сеќавам. Зградата се урна две минути по почетокот на земјотресот. Длабоко жалам за моите пријатели кои се уште се водат за исчезнати и чекам тука со надеж дека ќе бидат пронајдени“, додаде Ко Миинт Кјав.

Текстот Се’ се случи за две минути, вели градежен работник за уривањето на зградата во Бангкок е превземен од МАКФАКС.