реклама

Популарната детска песна Baby Shark ги полудува родителите од 2016 година благодарение на виралното видео создадено од јужнокорејската едукативна компанија Pinkfong.

Со 7,04 милијарди прегледи во 2020 година, Baby Shark официјално стана најгледаното видео на сите времиња на YouTube и успеа да го симне од тронот хитот Despacito на Луис Фонси.

реклама

За жал на сите родители, песната се уште е хит. Неодамна ја урна магичната бројка од неверојатни 13 милијарди прегледи, а дури и Илон Маск се пошегува дека има „повеќе прегледи од луѓето на планетата“.

Милијарди прегледи во текот на годините донесоа заработка од 22 милиони долари, а креаторите на видео заработуваат околу 283.000 долари месечно само од прегледите на YouTube, според BonusInsider.

реклама

Извршниот директор и ко-основач на Pinkfong, Ким Мин-сеок, откри за Форбс како компанијата смислила план да создаде забавна содржина за членовите на семејството од сите возрасти.

реклама