Манекенката Бела Хадид предизвика лавина загриженост кај нејзините следбеници.

Фотографирана е во Париз на снимањето на серијата The Beauty, а нејзината витка линија стана предмет на дискусија на социјалните мрежи.

„Еве што се случува кога мајка ти ќе ти каже да изедеш неколку бадеми ако си гладен“, „Не можам да го пребродам новиот моден циклус на изгладнети тела и ниски фармерки“, „Можеш да и ги видиш ребрата, изгледа болна“, „Не сакам да изгледам злобно, но овие фотографии се загрижувачки“, „Таа е премногу слаба“, „Овие фотографии се вознемирувачки“, се дел од коментарите на Инстаграм.

Многумина спомнаа и нарушувања како анорексија или дури и зависност.

„Изгледаше како да се опоравила, што се случи?“, „Не смееме да го нормализираме ова“, „Ми здодеаа овие шетачки реклами за нарушувања во исхраната“, „Нема ништо здраво кај неа“, „Ова е веќе клинички случај“, коментираат тие.

Текстот Се појавија нови фотографии од Бела Хадид, луѓето се шокирани е превземен од МАКФАКС.