На натпреварот од третата лига во Германија меѓу Вехен и Мепен на загревањето пред почетокот на мечот еден од помошните судии се повредил, а со оглед на тоа дека четврти судија немало, морале да побараат било каков судија и тоа публиката.
Домаќините, но и организаторите од германската федерација, преку разглас побарале евентуално дали има фудбалски судија на трибините, и го пронашле во името на Јанис Јешке, кој судел во петтата лига во Германија.
На крајот, според информациите, успешно ја завршил својата задача на натпреварот./Ekipa.mk/