Една од најубавите жени на светот, Адријана Лима, неодамна го кажа судбоносното „да“ во тишина и приватност, започнувајќи нов животен чекор со својот партнер Андре Лемерс.

Оваа поранешна српска снаа, која со години е во центарот на вниманието како супермодел и икона за убавина, сега одбележа уште еден важен момент во својот живот. Иако венчавката се одржа во интимен амбиент, Адријана преку социјалните мрежи сподели само малку среќа со обожавателите, откривајќи го првиот детаљ од денот на нејзината венчавка. На фотографијата која ја сподели Адријана и Андре се држат за рака, а околината во позадина, песочен пејзаж, јасно укажува дека се одлучиле за романтично свадбено патување.

Прстенот кој и го красеше прстот не беше само парче накит, туку вистинско уметничко дело, големо и впечатливо, со совршен дијамант кој блескаше во секое светло. Неговата големина и раскош никого не оставаат рамнодушен, а луксузот што го носи не може да се спореди со ништо. Овој луксузен прстен јасно го отсликува софистицираниот стил и статус на Адријана, кој со текот на годините го стекна како една од најценетите модели во светот. Со својот уникатен дизајн и беспрекорниот дијамант, прстенот ја симболизира љубовта и посветеноста, но и луксузната иднина што тие сега ја градат заедно.

Овој брак доаѓа по неколку години среќа и љубов која Адријана и Андре ја изградија заедно.

Љубовта меѓу нив стана јавна во 2021 година, кога за првпат се појавија заедно на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција. Врската со Андре Лемерс означи нов почеток за Адријана, која претходните години минуваше низ љубовни и животни предизвици. Низ сето тоа, Андре стана нејзина поддршка, а нивната љубов, се чини, секој ден стануваше се посилна.

Во меѓувреме, парот доби син, што само дополнително ја зацврсти нивната врска и создаде основа за нивното семејство. Сега со брак љубовта меѓу Адријана и Андре и официјално е крунисана, а на нивната среќа и нема крај. На социјалните мрежи следеа бројни честитки и пораки со љубов од пријателите, семејството и обожавателите кои со ентузијазам ја дочекаа оваа радосна вест.

Претходно Адријана Лима беше во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ. Се венчаа во 2009 година на Денот на заљубените, а се разведоа во 2014, откако Марко призна дека извршил неверство.

Текстот Се омажи најубавата жена на светот: поранешна српска снаа отпатува на луксузна дестинација и кажа „да“ е превземен од МАКФАКС.