Британскиот премиер Борис Џонсон се ожени со својата свршеница Кери Симондс во саботата на тајна церемонија во катедралата Вестминстер. Како што наведува порталот „Сан“, венчавката била планирана цели шест месеци. Во подготовките учествувале само неколку црковни лица, а во последен момент биле поканети околу 30 гости.
Борис (56) и Кери (33) решија да „застанат на лудиот камен“ во главната лондонска катедрала, оддалечена само 2,4 километри од Даунинг стрит.
Downing Street has finally confirmed news that Boris Johnson and Carrie Symonds DID get married at Westminster Cathedral yesterday #CapitalReports pic.twitter.com/Noi0Tma6Nj
— Capital London News (@CapitalLONnews) May 30, 2021
Непосредно по 13:30 часот, вработените одеднаш им соопштиле на посетителите на црквата дека зградата се затвора.
Половина час подоцна, лимузината што ја превезувала невестата пристигнала на плоштадот пред главната западна порта, на само 300 метри од сообраќајната станица Викторија.
Невестата се определила за долг, бел фустан, но не носела превез, се наведува во весникот.