Американскиот претседател Џо Бајден синоќа соопшти дека го помилувал својот син Хантер, кој чекал пресуда за случаи на недозволено поседување огнено оружје, лажни изјави при проверка на оружјето, за што претходно бил прогласен за виновен, како и за затајување данок, што тој самиот призна.
Иако Бајден претходно уверуваше дека нема да даде претседателско помилување на неговиот 54-годишен син, сега одлучи да го стори тоа.
Објавена е изјавата на неговиот син Хантер Бајден:
„Ги признав и преземав одговорност за моите грешки во најтемните денови на мојата зависност – грешки кои беа искористени за јавно да се понижат и срамат мене и моето семејство поради политиката“, се вели во соопштението.
„И покрај сето ова, јас сум трезен повеќе од пет години поради мојата длабока вера и непоколеблива љубов и поддршката од моето семејство и пријателите“, рече Хантер Бајден.
„Во маката на зависност, потрошив многу можности и предности. Во закрепнувањето, може да ми се даде можност да се поправам каде што е можно и да ги обновам нашите животи ако никогаш не ја земам здраво за готово милоста што ми е дадена.
„Никогаш нема да го земам здраво за готово помилувањето што ми беше дадено и ќе го посветам животот што повторно го изградив за да им помагам на оние кои се уште се болни и страдаат“, рече тој.
Текстот Се огласи синот на Бајден: Нема да го земам помилувањето здраво за готово е превземен од МАКФАКС.