Авион од Загреб утрово полета за Франкфурт, но по 20 минути итно се врати назад. „Кроација ерлајнс“ објасни што се случило.

Авионот со турбопропектор „Даш 8 – К400“, кој лета веќе 17 години, по оваа кратка пауза повторно полетал за Франкфурт.

„Дневник.хр“ пренесува дека се работи за превентивно враќање и дека сето тоа се случило поради лажно укажување на технички дефект.

„За време на почетната фаза на редовен меѓународен лет на „Кроација ерлајнс“ од Загреб до Франкфурт, имаше индикации за технички дефект на авионот Даш 8-К400. Во согласност со пропишаните безбедносни процедури на компанијата и производителот на авиони, донесена е одлука за превентивно враќање на аеродромот во Загреб, каде што е сместен техничкиот центар на компанијата. Треба да се нагласи дека споменатиот настан не влијаеше на безбедноста на летовите, што е приоритет во работењето на хрватската национална авиокомпанија.

Откако експерти од техничкиот сектор на компанијата извршиле безбедносен преглед и утврдиле дека се работи за лажно укажување на дефект, леталото е вратено во редовен сообраќај, а патниците повторно полетале кон својата дестинација во 8 часот и 5 минути. „Кроација ерлајнс“ им се извинува на патниците на летот Загреб-Франкфурт за нарушувањето на планираното патување, објави „Кроација ерлајнс“, пренесува „Дневник.хр“.

Текстот Се огласи „Кроација ерлајнс“ за авинот кој се врати назад по полетувањето од Загреб е превземен од МАКФАКС.