Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против две лица кои предизвикале пожар на градската депонија. Станува збор за 38-годишниот Е.В. од Прилеп, со привремен престој во Струга, и 61-годишниот Ф.Н. од Струга, кои се сомничат за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 август 2025 година двајцата биле затекнати на депонијата во Струга додека ваделе бакарни жици од разни предмети. За да дојдат до металот, тие ги запалиле предметите, при што избувнал пожар.
Навремена реакција имало од страна на Територијалната противпожарна единица од Струга, чии екипи успеале да го изгаснат огнот и да спречат негово ширење. По интервенцијата, Е.В. и Ф.Н. биле лишени од слобода, а против нив е поднесена кривична пријава.
Текстот Се обиделе да вадат бакар со оган, па завршија со лисици на рацете е превземен од МАКФАКС.