Вчера во полицијата во Охрид било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во охридското село Пештани, сопственост на А.П.(44) од истото село.

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид и од сопственикот, кој вдишал чад и бил пренесен во Општата болница во Охрид за укажување помош, соопшти СВР Охрид.

Увид изврши полициска екипа.

Текстот Се запали угостителски објект во Пештани, сопственикот вдишал чад и е пренесен во болница е превземен од МАКФАКС.