Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се верија. Џорџина го потврди тоа со објава на Инстаграм.
„Кажав „да“. И во овој живот и во сите други животи“, напиша таа покрај фотографија од огромен дијамантски прстен.
Фотографијата ја лајкнаа над милион луѓе за помалку од половина час.
Една од најпознатите модерни љубовни приказни се случила во луксузната продавница на Гучи, каде што Џорџина Родригез работела како продавачка. Кристијано Роналдо, тогаш светска фудбалска ѕвезда, случајно влегува во продавницата – сè уште не знаејќи дека оваа средба ќе отвори животно поглавје кое ќе промени сè за него.
Џорџина подоцна го опиша тој момент како нешто речиси магично – пеперутки во стомакот, срцето брзо чукаше и чувството дека нивните раце „им припаѓале еден на друг од самиот почеток“. Роналдо отворено призна дека на почетокот не очекувал нивната врска да биде толку силна, но со текот на времето сфатил дека Џорџина е жената на неговиот живот.
Иако првата средба беше кон крајот на 2016 година, нивната врска стана јавна на почетокот на 2017 година. Тие за прв пат се појавија заедно на доделувањето на наградите за најдобри фудбалски ѕвезди на ФИФА во јануари истата година. Првата заедничка објава на Инстаграм дојде малку подоцна, во март, кога Кристијано сподели фотографија со Џорџина со едноставен емотикон во форма на црвено срце.
Тие имаат две биолошки деца заедно, но Џорџина одгледува и три деца што Роналдо ги доби преку сурогат мајчинство.
Текстот Се верија Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез е превземен од МАКФАКС.