Еди Марфи и Мартин Лоренс официјално станаа семејство.

Синот на Марфи, Ерик, и ќерката на Мартин, Јасмин, се венчаа во тајност пред две недели. Еди ја потврди среќната вест.

„Сите правеа големи планови за свадбата, а потоа решија дека сакаат да направат нешто само за нив двајца“, рече Еди за време на гостувањето во „Шоуто на Џенифер Хадсон“. Еди, исто така, се пошегува дека Мартин не мора „сега да плати за свадбата“.

Ерик и Јасмин се венчаа без пријатели или семејство, само со присуство на свештеник. Еди вели дека семејната прослава сè уште не е исклучена. „Веројатно ќе имаме поголема прослава подоцна“, рече тој.

Двојката се вери во ноември 2024 година. Ерик, 35, клекна на едно колено пред Јасмин, 29, во соба украсена со свеќи, бели рози и огромно црвено срце.

„Свршени сме! Бог навистина нè благослови со љубов што се чувствува како судбина. Не можеме да бидеме повозбудени за ова следно поглавје. Ви благодариме на сите што го направија овој момент толку посебен“, напиша Јасмин во описот на видеото.

Иако нивните татковци се пријатели и колеги, Ерик и Јасмин не се запознале преку нив. Во интервју за InTouch Weekly, Лоренс откри дека всушност нејзиниот чичко ја запознал со Марфи, а не нејзиниот татко. Тие јавно ја објавија својата врска во јули 2021 година.

„Тие снимија два филма заедно, тие се пријатели, не знам, лудо е. Но, се запознавме преку мојот чичко и станавме навистина добри пријатели. Се поврзавме во многу работи. Очигледно имаме слично потекло, па се разбиравме еден со друг на одредено ниво, а со текот на времето тоа стана уште посилно“, рече таа.

Текстот Се венчаа синот на Еди Мaрфи и ќерката на Мартин Лоренс е превземен од МАКФАКС.