Нетфликс ја врати на својата платформа серијата „Слуга на народот“ во која украинскиот лидер Володимир Зеленски го игра претседателот.
Пред да стане претседател на Украина, Володимир Зеленски беше успешен актер и комичар.
Една од најголемите платформи за стриминг во светот, Нетфликс, сега ја врати на својот канал серијата „Слуга на народот“, благодарение на која Зеленски стана познат.
„Го побаравте и се врати“, стои во објавата на Нетфликс на Твитер.
Приказната на серијата следи учител кој неочекувано станува претседател откако се прошири видеото во кое се жали на корупција стана вирално. Нетфликс сега објави една сезона достапна и во Македонија, а серијата има вкупно три.
Серијата ја виде светлината на денот во 2015 година, а некои коментираа дека токму таа му помогнала на Зеленски да седне на претседателската фотелја на Украина во 2019 година. Токму поради кампањата немаше нови продолженија бидејќи Зеленски започна политичка кариера во реалниот живот.