Фудбалерот на Лацио и српски фудбалски репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ со својата форма во Лацио и понатаму е мета на големите фудбалски тимови.
Последен кој го навести неговото заминување беше агентот на играчот Матеја Кежман.
„Со сета почит кон Лацио, Сергеј е играч на голем клуб во иднина.Сигурен сум дека наскоро ќе дојде време за нови соништа и нова авантура.Јувентус е сепак голем клуб и секој би бил почестен да игра за „старата дама“, рече тој.
Посочува дека соработката можела да се случи и порано.
„Искрено, имаше неколку сериозни разговори со Јувентус. Сепак, на крајот ништо не се случи и не најдовме заеднички јазик“, додаде тој.