Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. Како што дознава „Моцарт спорт“, играчот од средниот ред на Лацио од следната сезона ќе настапува за Ал Хилал, актуелниот шампион на таа земја.
Целата зделка за неговата преселба на Блискиот Исток би требало да чини околу 150.000.000 евра, вклучувајќи ја отшетата и платата на фудбалерот. Да потсетиме, Ал Хилал веќе го доведе португалскиот тренер Жорж Жесус, плати 55.000.000 евра за играчот за врска Рубен Невес од Вулверхемптон и плати 27.000.000 за Калиду Кулибали од Челси.
Милинковиќ Савиќ треба да ја продолжи низата, но нема да заврши тука, бидејќи Ал Хилал работи на трансферот на Бернардо Силва.