Американската тенисерка Медисон Киз е победничка на овогодинешниот Австралија опен.
По Ига Швјонтек, втората во светот, Киз во финалето во три сета (2:1) ја совлада најдобрата на ВТА листата Арина Сабеленка. Мечот траеше нешто повеќе од два часа, а Киз победи со 6:3, 2:6, 7:5.
19. носителка одигра неверојатен турнир н патото до својата прва Гренд слем титула (играше и во финалето на Ју-ес опен во 2017 година). Таа не само што ги победи двете првопласирани, туку и Елина Свитолина, Елена Рибакина и Даниел Колинс.
Затоа, таа влезе полна со самодоверба во овој меч, за што најдобро сведочи нејзиниот сервис, за кој двократната и актуелна шампионка немаше одговор.
Киз доминираше во првиот сет, еден брејк и беше доволен да го освои сетот. Во вториот, очекувано Сабаленка одговори на вистински начин. Апсолутно доминираше, два пати го освои сервисот на Киз и со 6:2 се избори за трет сет.
Двете тенисерки го чуваа сервисот во решавачкиот сет, се до 12.гем кога од никаде Киз дојде до две брејк и меч топки. Ја искористи втората и ја освои првата Гренд слем титула во кариерата.
Утре во машкото финале бранителот на титулата Јаник Синер ќе игра против Александар Зверев.
What a cracker from @Madison_Keys!
Maybe the best shot of her career, at maybe the biggest moment of her career!
She’s on the cusp!@wwos • @espn • @eurosport • @wowowtennis • #AusOpen • #AO2025 pic.twitter.com/ZuxfiiVz5X
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 25, 2025
Текстот Сензација во Мелбурн – Медисон Киз го освои Австралија опен е превземен од МАКФАКС.