Полицијата уапси жител на Скопје поради физичко насилство врз неговиот малолетен син.

Според информациите на МВР, вчера во 02 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(41) од Скопје, по претходна пријава од неговата 40-годишна поранешна сопруга дека околу 00.30 часот во домот физички го нападнал нивниот малолетен син, а му го скршил мобилниот телефон на другиот нивен малолетен син.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Текстот Семејно насилство во Карпош, скопјанец го нападнал малолетниот син е превземен од МАКФАКС.