Фудбалскиот селектор на Украина, Олександр Петраков, инсистира дека ќе продолжат подготовките за плеј-оф натпреварот за Светското првенство „Катар 2022“. Тој истакна дека ситуацијата не е добра во Украина, но рече дека играчите се информирани дека подготовките ќе одат според планот.
„Во ова тешко време сите мора да бидеме обединети, да се поддржуваме и да веруваме во нашата армија и држава. Ние сме на наше украинско тло и не треба да се плашиме од никого. Имам 64 години и цел живот живеам во Киев, каде што сум и сега, бидејќи немам намера да заминам. Подготвен сум да и помогнам на мојата земја со сите можности што ги имам. Во такви моменти спортот паѓа во втор план, но убеден сум дека по нашата брза победа ќе ги продолжиме подготовките за решавачките натпревари кои не очекуваат во плејофот на Светското првенство. Ќе бидеме подготвени за овие натпревари и гордо ќе ја претставиме нашата земја на теренот. Нема да се откажеме“, рече Петраков.
Украина на 24 март, ќе се соочи со Шкотска на стадионот „Хемпден Парк“ во 20.45.