Србија стои на ставот дека дијалогот е единственото решение за какво било политичко прашање, рече министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ во изјава на заедничката прес конференција со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи. Говорејќи за односите помеѓу Приштина и Белград, Селаковиќ рече:
„Говоревме и за важните регионални прашања, за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, го изнесовме тоа што се наши ставови. Посветени сме на дијалогот, како единствено прифатливо решение за кое било политичко прашање што постои. Нашата посветеност на дијалогот нема да се доведува во прашање“, рече Селаковиќ.