Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала мора да оди на операција на тетивата. Клубот соопшто дека сезоната за Дибала е завршена.
„Пауло Дибала ќе биде опериран во следните неколку дена по повредата на тетивата на левата нога. Играчот и клубот се договорија дека тоа е вистинскиот пат за оптимално закрепнување од повредата. Најдобри желби за брзо закрепнување Пауло, те очекуваме“, се вели во соопштението на Рома.
Аргентинецот оваа сезона одигра 36 натпревари во сите натпреварувања и постигна осум гола.
Текстот Сезоната заврши за Паоло Дибала е превземен од МАКФАКС.