Сежурне: Условите Франција официјално да ја признае Палестина како држава се уште не се исполнети

Условите за официјално признавање на Палестина како држава се уште не се исполнети, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи, Стефан Сежурне, откако Норвешка, Шпанија и Ирска денеска објавија дека тоа ќе го сторат на 28 мај.

-Ова не е само симболично прашање или прашање на политичко позиционирање, туку дипломатска алатка во служба на решението на две држави кои живеат една до друга во мир и безбедност, се вели во изјавата на Сежурне.

Тој додаде дека Франција не смета дека се уште се исполнети условите таквата одлука да има реално влијание врз тој процес.