Условите за официјално признавање на Палестина како држава се уште не се исполнети, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи, Стефан Сежурне, откако Норвешка, Шпанија и Ирска денеска објавија дека тоа ќе го сторат на 28 мај.
-Ова не е само симболично прашање или прашање на политичко позиционирање, туку дипломатска алатка во служба на решението на две држави кои живеат една до друга во мир и безбедност, се вели во изјавата на Сежурне.
Тој додаде дека Франција не смета дека се уште се исполнети условите таквата одлука да има реално влијание врз тој процес.