Од направени 3.814 тестирања, регистрирани се 301 новозаразен со Ковид-19 во изминатите 24 часа. Починати се седум лица, а оздравени 192 лица.
Како што соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во Скопје се регистрирани 147 нови случаи, во Прилеп – 21, Кавадарци – 14, Ресен – 13, Охрид – 11, Битола – десет, Делчево и Валандаво – по девет, Штип – осум, Велес и Гевгелија – по седум, Куманово и Струмица – по шест, Кичево – пет, Неготино, Кратово и Богданци – по четири, Крива Паланка , Радовиш и Виница – по три, Пробиштип и Македонски Брод – по два, Берово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по една.
Најголем дел од оздравените пациенти се од Скопје – 119, од Битола – 12, Кавадарци – десет, Охрид и Кочани – по девет, Велес и Гевгелија – по шест, Неготино – пет, Куманово и Ресен – по три, Струга и Демир Хисар – по два, Тетово, Прилеп , Свети Николе , Кратово, Богданци и Дојран – по еден.
Две од починатите лица се од Битола на 79 и 90 години и по едно починато лице има од Скопје (73 години), Штип (35 години), Охрид (90 години), Крива Паланка (91 години) и Делчево (64 години). Сите се починати во болнички услови.
Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје има 2.632 активни случаи, во Куманово – 155,
Тетово – 85, Прилеп – 380, Битола – 429, Гостивар – 20, Велес – 169, Кавадарци – 265, Штип – 112, Охрид – 228, Струмица – 135, Кичево – 80, Кочани – 67, Струга – 26, Гевгелија – 97, Неготино – 50, Свети Николе – 50, Крива Паланка – 62, Ресен – 61, Радовиш – 55, Берово – 33, Дебар – нема, Делчево – 79, Виница – 18, Пробиштип – 24, Валандово – 66, Кратово – 21, Богданци – 34, Демир Хисар – 28, Крушево – 25, Македонски Брод – 19, Македонска Каменица – 25, Демир Капија – нема, Пехчево – пет, Дојран – четири.
Досега во земјата се направени вкупно 1.519.050 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на заболени од почетокот на епидемијата изнесува 221.095. Бројката на оздравени пациенти е 207.755, на починати 7.801, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.