Родителите на седумгодишно дете се уапсени од страна на грчката крајбрежна стража под обвинение за изложување на малолетник на опасност, а досието за случајот веќе е испратено до надлежниот обвинител, јавуваат тамошните медиуми.

Седумгодишното дете инаку француски државјанин според последните информации, носело маска за пливање и пловело во водата, без да се движи, а неговите родители првично мислеле дека само си игра но подоцна забележале дека не реагира. Капачи, спасители на EKAB се упатиле кон местото на настанот, но и покрај нивните напори, детето починало. Според написите во тамошните медиуми детето наводно јадело храна два часа пред да влезе во водата, пишува „Неакрити“.

Според официјалното соопштение на Крајбрежната стража „вчера напладне, Пристанишната управа на Ираклион беше информирана дека 7-годишен странец (француски државјанин) е извлечен во несвест од плажата Маде во општина Малевизи.

Во написите се наведува дека 7-годишниот Французин бил на Крит со своите родители на неколкудневен одмор. Вчера, тие отишле како семејство на плажата Маде за да се искапат попладне.

Во еден момент, 7-годишникот ја изгубил свеста додека пливал, а спасувачот го лоцирал и го извлекол од морето. Со извршување на кардиопулмонална реанимација врз него, тој бил вратен во живот и со амбулантно возило на EKAB  бил транспортиран во болница.

За инцидентот е наредена обдукција за да се разјаснат причините за неговата смрт.

Текстот Седумгодишно дете се удави во Грција: уапсени се родителите е превземен од МАКФАКС.