Британската мисија во Обединетите нации, која претседава со 15-члениот Советот за безбедност овој месец, соопшти дека Советот денеска ќе одржи седница на која ќе се обрати украинскиот претседател Володимир Зеленски. Се очекува тој да побара нови остри санкции кон Русија поради убиствата во градот Буча, кои тој ги нарече „воени злосторства“ и „геноцид“.
Руското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека побарало Советот за безбедност да се состане вчера поради, како што ги нарече Москва „криминалните провокации на украинските војници и радикали“ во градот Буча во близина на Киев. Украинските власти во неделата соопштија дека истражуваат можни воени злосторства од страна на Русија, откако пронашле стотици тела расфрлани низ наслебите надвор од главниот град Киев по повлекувањето на руските трупи од областа.