Париз Сен Жермен потврди дека напаѓачот Мауро Икарди ќе му се приклучи на турскиот гигант Галатасарај. Италијанската ѕвезда во последната сезона играше како позајмен во тимот на Галатасарај, а сега е постигнат договор со кој ќе стане сопственост на клубот.
„Откако беше позајмен на Галатасарај во сезоната 2022/23, Мауро Икарди ќе му се приклучи на Галатасарај со постојан договор. Пари Сен Жермен му посакува голем успех на Мауро до крајот на кариерата“, напиша францускиот шампион во официјалното соопштение.
Икарди синоќа за Турција и нешто по полноќ слета во Истанбул, а го пречекаа група навивачи на Галатасарај, кои беа во еуфорија и пречекот на нивниот миленик го претворија во вистинско шоу.